За Бакер Тили Јоанидис
Горди сме што сме член на Baker Tilly International, една од десетте глобални мрежи за професионални независни сметководители и консалтинг фирми.
Ние сме посветени на давање исклучителни услуги на нашите клиенти. Меѓународната мрежа ни дава значителен глобален придонес како дополнување на нашето глобално присуство. Преку нашата локална експертиза, вештини и ресурси им помагаме на нашите клиенти да се развиваат на локално, национално и глобално ниво. Мрежата се состои од 28.000 луѓе во 165 фирми - членки низ 141 држава. Седиштето на Baker Tilly се наоѓа во Лондон.
Бакер Тили Јоанидис Скопје, Република Македонија е основано на 29 Јули 2014 година, како резултат на реорганизација на Друштвото за ревизија Бакер Тили Македонија ДОО Скопје.
Како независен член на Baker Tilly International, ние сме обврзани да ги обезбедиме најдобрите услуги за нашите клиенти во Република Македонија, користејќи го нашето знаење, искуство и глобалните ресурси од Baker Tilly International. Бакер Тили Јоанидис, успешно извршува услуги во доменот на ревизија на финансиски извештаи на средни и големи претпријатија, консолидирани финансиски извештаи, осигурителни компании и други финансиски институции. Покрај претходно наведените, Бакер Тили Јоанидис се занимава и со други услуги, како што се: бизнис и менаџмент консалтинг, даночен и финансиски консалтинг, консалтинг за подобрување на системот на сметководствени контроли, плати, проценка, судска експертиза итн.
Ние сме професионална фирма составена од тим на сметководители, ревизори и бизнис и даночни советници. Нашиот тим се состои од посветени, креативни луѓе со динамичен однос кон нашите клиенти. Благодарение на солидна тимска работа и мултидисциплинарен пристап, можеме да им понудиме на нашите клиенти решенија кои ќе резултираат со најдобри совети и квалитетна и комплетна услуга.
Надвор од стандардите и барањата на професијата, интегритетот е камен темелник на нашата бизнис филозофија, за работа со вработените и однос со клиентите. Бакер Тили Јоанидис се стреми кон совршенство: Да се остварат најдобрите услуги за клиентите. Нашето размислување води кон проширување на границите, раст на дејноста, вработените и усовршување на услугите кон клиентите.
За Baker Tilly International
Baker Tilly International e една од водечките светски мрежи на независно поседувани и управувани сметководствени, ревизорски и консалтинг фирми обединети со цел да обзебедат исклучителна услуга за клиентите.
Секојдневно, 33.600 луѓе на 147 локации споделуваат искуство и експертиза за да им помогнат на приватните компании и јавните претпријатија во предизвиците со кои се соочуваат и активно да одговорат на можностите. Меѓународната способност и глобалната конзистентност на услугите се основата за работа на Baker Tilly International.
Глобално насочени
Експертиза за широк опсег во индустријата и бизнис секторот, секоја членка на Baker Tilly International прави комбинација на високо квалитетни услуги и сеопфатно локално знаење.
Нашите луѓе се повеќе од професинални сметководители. Тие ја работат својата работа преку запознавање и разбирање на долгорочните амбиции на клиентите, со учество и одговарање на предизвиците на клиентите при следење на нивните можности.
125 независни фирми се поделени во четири географски области. Преку споделување на знаење и ресурси, бизнис пристапот на Baker Tilly International ја поврзува моќта на глобалната мрежа за да се постигнат исклучителни резултати на глобален пазар.
Посветеност
Сите фирми членки на Baker Tilly International се насочени кон отворени и транспарентни бизниси и ги преземаат следните обврски:
- Да се водат по примери
- Да достават квалитетна услуга со нагласување на интегритетот
- Да бидат отворени и искрени во сите комуникации
- Да дејствуваат етички
- Да се поттикне тимска работа и соработка со други фирми членки
- Да ја одржуваат средината во која индивидуите ќе се развиваат
Заедничките вредности на Baker Tilly International и фирмите членки ја дефинираат причината за тоа за кое се залагаме и како ги правиме работите, со формирање на основа за конзистентен пристап на испорачаните услуги на глобално ниво.
Извештаи за транспарентност
Согласно барањата на Член 35 од Законот за ревизија, Бакер Тили Јоанидис ДООЕЛ секоја година ги објавува извештаите за транспарентност.