Ревизија

Нашиот пристап при ревизија на финансиски извештаи се базира на Меѓународните стандарди за ревизија (МСР), Законот за ревизија и останата легислатива апликативна во Република Северна Македонија по пат на идентификување на клучните ризици, разбирање на активностите на клиентот и неговото окружување, и разбирање на процесите и контролните механизми воспоставени од страна на клиентот. Нашата цел е да ја извршиме ревизијата на професионален начин, во согласност со меѓународните стандарди за ревизија и да ги задоволиме барањата и реалните очекувања на нашите клиенти.

Нашиот ревизорски пристап е дизајниран да обезбеди:

  • Континуирана усогласеност со Меѓународните стандарди за ревизија
  • Ефективен преглед преку минимизирање на ревизорскиот ризик
  • Усогласеност со ревизорскиот пристап ширум светот
  • Зголемување на вредноста на ревизијата од перспектива на клиентот

Ревизорска методологија Global Focus

Со гордост ја презентираме нашата Global Focus методологија - високоефикасен и ефективен пристап во ревизорските ангажмани, поткрепена со употребата на интелигентен софтвер и паметни регистри за ризик.

Нашата методологија претставува заеднички јазик кој обезбедува универзално разбирање на нашиот ревизорски пристап и ревизорски процедури. Методологијата се адаптира на барањата на локалната легислатива додека истовремено обезбедува конзистентен, висококвалитетен ревизорски пристап насекаде во светот.

Global Focus нуди:

  • Заеднички ревизорски јазик за нашата мрежа кој поставува очекувања за квалитетот на ревизијата
  • Заедничко разбирање на ревизорската стратегија
  • Конзистентен ревизорски пристап, клучни работни документи, програми за обука и очекувања за документација
Побарај понуда

Уверување

Нашиот пристап кон ангажманот за уверување се базира на Меѓународните стандарди за ангажмани за уверување, Законот за ревизија и останата легислатива апликативна во Република Северна Македонија.

Клучните фази на ангажманот за уверување и методологијата на Бакер Тили Јоанидис се:

  • Утврдување опсег на ангажманот
  • Разбирање на перформансите на клиентот
  • Обезбедување докази за уверувањето
  • Формирање на заклучок
  • Издавање на извештај
Побарај понуда