Длабинска анализа
Како процес кој вклучува проверка на ризикот и усогласеност, длабинската анализа се користи за спроведување на испитување, проверка и контрола, со цел потврда на фактите и информациите за одреден субјект, најчесто пред склучување на договор со друга компанија или носење на некоја клучна деловна одлука.
Финансиска длабинска анализа
Финансиската длабинска анализа претставува детална финансиска проценка на тековната финансиска состојба на анализираната компанија вклучувајќи ја нејзината способност да генерира профит во блиската иднина. Во текот на длабинската анализа се проценуваат различни финансиски аспекти на деловното работење, т.е. средства и обврски, приходи и трошоци, побарувања и обврски, банкарски долгови, финансиски контроли и систем на планирање, интегритет на информациите за управување и квалитет на известување.
Процесот на длабинска анализа подвлекува невообичаени и некарактеристични деловни трансакции, ги анализира меѓукомпаниските трансфери и нивното влијание врз финансиските перформанси. Особено внимание се дава на паричниот тек и ликвидноста на тековните операции, како и на различни фактори кои влијаат на капацитетот на генерирање парични средства на компанијата во сегашноста и блиската иднина.
Во пракса, процесот на длабинска анализа се спроведува за период од три години наназад (историски перформанси). Понатаму, анализата ја истражува остварливоста на деловните процеси, проекциите за продажба и профит - сѐ во контекст на тековните (фактички) показатели за успешност.
Даночна длабинска анализа
Даночната длабинска анализа претставува посебна форма на длабинска анализа главно насочена со даночните аспекти на работењето. Опфатот на ангажманот за даночна длабинска анализа вообичаено вклучува проценка на тековното даночно оптоварување, главните даночни обврски и односите со даночните власти. Усогласеноста со даночната регулатива се оценува според износот и датумот на поднесување - како и ризиците поврзани со социјално осигурување и даноците на плати. Даночната анализа може да се спроведе или во врска со одредена деловна ситуација (на пр. како дел од конвенционална длабинска анализа), или да има форма на општо даночно советување. Во двата случаи, најзначајниот резултат од даночната длабинска анализа е целосната свест на клиентот за постоечките даночни ризици и информираниот процес во донесувањето на одлуки во контекст на даночното право.
Побарај понуда