Правни одредби

Бакер Тили и Бакер Тили Интернационал се однесуваат на глобалната мрежа на фирми-членки на Бакер Тили Интернационал Лимитед, од кои секоја е посебно и независно правно лице. Бакер Тили Интернационал, англиска компанија ограничена со гаранција, не им обезбедува услуги на клиентите. Услугите се обезбедуваат регионално и национално од страна на фирмите-членки на Бакер Тили мрежата, или во овој случај Бакер Тили Јоанидис.

Фирмите-членки на Бакер Тили не се членки на меѓународно партнерство или на друг начин правни партнери помеѓу себе, ниту пак која било фирма е одговорна за услугите и активностите на друга. Иако некои фирми го носат името на Бакер Тили, не постои заедничка сопственост помеѓу фирмите или од Бакер Тили Интернационал Лимитед.

Секоја фирма-членка е организирана според законите на територијата на која ги спроведува своите деловни активности. Секоја фирма е посветена на постигнување на највисоко ниво на квалитет на својот соодветен пазар и се стреми кон конзистентност во квалитетот на услугите и испораката на услуги ширум светот преку соработка со останатите членови на мрежата. Меѓутоа, во повеќето делови од светот, обезбедувањето сметководствени и ревизорски услуги е регулирано со локални закони и регулативи кои ги одредуваат професионалните стандарди, квалификации и односи помеѓу професионалците за ревизија и ентитетите кои известуваат, а врз кое влијаат локалните деловни практики и културни ставови.

Одредување

Овој веб-сајт (во понатамошниот текст „Веб-сајтот“) е во сопственост и е управуван од Бакер Тили Јоанидис.

Иако се направени сите напори содржината на Веб-сајтот да е актуелна и точна, појавата на грешки е возможна. Веб-сајтот е обезбеден на основа „како што е“ и Бакер Тили Јоанидис не гарантира дека Веб-сајтот или информациите содржани во него се целосни или без грешки и вируси или дека достапот до Веб-сајтот ќе биде непрекинат. Бакер Тили Јоанидис не носи никаква одговорност за претрпени штети или загуби настанати како резултат на каква било одлука или дејство преземено или воздржано како резултат на информацијата содржана на Веб-сајтот или како резултат на вашата употреба или злоупотреба на Веб-сајтот.

Веб-сајтот може да вклучува линкови до надворешни веб-сајтови кои се во сопственост на и управувани од трети лица. Бакер Тили Јоанидис не е одговорен за содржината или достапноста на таквите веб-сајтови. Секој линк до надворешен веб-сајт не треба да се толкува како поддршка на Бакер Тили Јоанидис за тој надворешен веб-сајт или неговите производи или услуги.

Сите авторски права, трговски марки и останати права на интелектуална сопственост во Веб-сајтот и неговата содржина (вклучувајќи ги и без ограничување дизајнот на Веб-сајтот, текст, слики/видеа, и софтверот и изворните кодови поврзани со Веб-сајтот) се во сопственост или лиценцирани на Бакер Тили Интернационал или се користат од Бакер Тили Интернационал на друг начин дозволен со закон. Доколку корисникот на Веб-сајтот преземе материјал од него за лична или некомерцијална употреба, корисникот мора да ги задржи сите авторски права, трговски марки или други слични известувања содржани во оригиналниот материјал. Освен како што е изречно дозволено во овој пасус, материјалите на Веб-сајтот не смеат да се преземаат или користат за јавни или комерцијални цели без претходна писмена дозвола од страна на Бакер Тили Интернационал или неговите поврзани субјекти.

Оваа правна изјава и сите одредби и услови на Веб-сајтот се регулирани и ќе се толкуваат во согласност со законите на Република Северна Македонија. Во случај на спор, сите прашања ќе бидат предмет на ексклузивна надлежност на македонските судови.

Авторски права

Бакер Тили Јоанидис Дооел тргува како Бакер Тили Јоанидис и е независен член на Бакер Тили Интернационал. Бакер Тили Интернаионал Лимитед е англиска компанија. Бакер Тили Интернационал не обезбедува професионални услуги на своите клиенти. Секоја фирма-членка е посебно и независно правно лице и се опишува себеси како таква. Бакер Тили Јоанидис не е агент на Бакер Тили Интернационал и нема авторитет да го обврзува Бакер Тили Интернационал или да делува во негово име. Никој од Бакер Тили Интернационал, Бакер Тили Јоанидис, или другите фирми-членки на Бакер Тили Интернационал, нема одговорност за меѓусебните дела или пропусти. Името Бакер Тили и неговото поврзано лого се користат под лиценца на Бакер Тили Интернационал Лимитед.