Горди сме што сме член на Бакер Тили мрежата - глобална мрежа на независни сметководствени и советодавни фирми, чии членки ја споделуваат својата посветеност во обезбедување на исклучителни услуги на своите клиенти. Интернационалната мрежа ни овозможува значителен глобален досег покрај значителното национално присуство. Ние соработуваме за да ги искористиме нашите вештини, ресурси и локална експертиза во насока да им помогнеме на нашите клиенти да растат на локално, но и на светско ниво.

Ние сме Бакер Тили. Глобални провајдери на ревизорски, даночни, консултантски, и советодавни услуги, рангирана на 9-то место помеѓу светските брендови на мрежи, со присуство на 141 територии.

Нашите 43,000 луѓе, во 658 канцеларии, опслужуваат клиенти од сите сектори и големини кои се осврнуваат на нас за сознанија потребни за забрзување на нивниот раст.

Во Бакер Тили, ние сме подготвени денес, за утрешните предизвици. Веруваме во моќта на успешните врски. Спремни сме за разговор и нови предизвици. Ја предводиме промената во напредок кон успешна иднина.

Бакер Тили Јоанидис

Бакер Тили Јоанидис е основана на 29ти јули 2014 како резултат на реорганизација на правната структура на друштвото за ревизија Бакер Тили Македонија Дооел Скопје.

Како независни членки на Бакер Тили Интернационал, ние сме посветени да ја обезбедиме најдобрата можна услуга на своите клиенти во Република Северна Македонија користејќи го нашето знаење, искуство, и глобалните ресурси на Бакер Тили Интернационал. Бакер Тили Јоанидис бележи голем успех во обезбедувањето на услуги како што се:

Ние сме професионална фирма на ревизори, сметководители, деловни и даночни консултанти. Нашиот персонал се состои од посветени, креативни луѓе со динамичен однос кон нашата клиенти. Благодарение на солидна тимска работа и мултидисциплинарен пристап, ние можеме да им понудиме на нашите клиенти решенија направени согласно нивните потреби, најдобрите можни совети и целосна и висококвалитетна услуга.

Над стандардите и барањата, интегритетот е камен-темелник на нашата деловна филозофија; во работа со персоналот, во комуникација со клиентите, и во односи со институциите. Бакер Тили Јоанидис се стреми кон совршенство: да ја обезбеди најдобрата услуга на своите клиенти. Нашето размислување е кон движење напред, проширување на границите, раст, за нас, за нашиот бизнис, за нашиот персонал, и за нашата работа со клиентите.

Бакер Тили Интернационал

Бакер Тили Интернационал е една од водечките светски мрежи на независно поседувани и управувани сметководствени и советодавни фирми обединети со посветеност во обезбедување на исклучителни услуги на своите клиенти.

Секој ден, 43,000 луѓе на 141 територии споделуваат искуства и експертиза во насока да им помогнат на приватните бизниси и ентитетите од јавен интерес да се справат со, и проактивно да одговорат на можностите. Меѓународната способност и глобалната конзистентност на услуги се во центарот на нашата работа.

Како глобална организација од $5.2 милијарди американски долари, со фирми-членки на 141 територии, го имаме потребниот размер да ги задоволиме вашите променливи потреби, и агилноста која ви помага да останете еден чекор напред.

Кога избирате да работите со фирма-членка на Бакер Тили, вие избирате фирма која верува во моќта на успешни односи, спремни сме на разговор и нови предизвици, и успешна иднина.

Го препознаваме вашето име и ја цениме нашата соработка. Се стремиме да ги водиме утрешните конверзации, денес. Ги прифаќаме можностите кои утрото ги носи.

Глобален осврт

Експерти од широк опсег на индустрии и бизнис-сектори, секоја фирма-членка на Бакер Тили Интернационал ги комбинира висококвалитетните услуги и широкото локално знаење.

Нашите луѓе се многу повеќе од сметководители/ревизори. Тие си поставуваат за задача да ги запознаат и разберат долгорочните амбиции на своите клиенти, предвидувајќи и одговарајќи на предизвиците додека нивните клиенти разгледуваат нови можности.

141 независни фирми се здружуваат заедно. Споделувајќи знаење и ресурси, нашиот деловен пристап ја комбинира моќта на глобалната мрежа за да испорача исклучителни резултати на своите клиенти на глобално ниво.

Посветеност

Сите фирми-членки на Бакер Тили Интернационал се стремат да бидат отворени и транспарентни бизниси со обврска:

  • Да се водат по пример
  • Да обезбедат висококвалитетна услуга со нагласување на интегритетот
  • Да бидат отворени и искрени во секоја комуникација
  • Да дејствуваат етички
  • Да поттикнуваат тимска работа и соработка со други фирми-членки
  • Да одржуваат работна атмосфера во која поединците можат да се развиваат

Споделените вредности на Бакер Тили Интернационал и нејзините фирми-членки го дефинираат она за кое се залагаме и начинот на кој ги вршиме задачите, формирајќи ја основата за конзистентен пристап во обезбедување на услуги на светско ниво.

Мрежа на годината 2023

Бакер Тили Интернационал со задоволство објавува дека е прогласена „Сметководствена мрежа на годината“ на Меѓународниот форум на сметководители & Награди 2023. Прочитајте ја целата статија тука.